Дилејни Браун има само 8 години, а нејзиниот живот е веќе при крај… Таа има само уште неколку недели живот затоа што боледува од ужасно тешка форма на леукемија.
Но на овој Божиќ се случи вистинска волшебна глетка – илјадници луѓе се собраа пред болницата во која се лекува Дилејни и и пееја божиќни песни.Во Вест Рединг, Пенсилванија, ечеше празничната магија, а оваа глетка барем за момент го расположи ова несреќно девојче.