Иванов помилувал убиец кој со 20 убоди од нож убил бугарска државјанка


Како што објавува Канал 5 од свои добро информирани извори дознале дека меѓу помилуваните е и осудениот убиец кој во 2006 год. добил 11 годишна затворска казна за убиство на бугарската државјанка Јорданка Родева.

nozТрајче Котевски од Делчево, според медиумските извештаи во 2005-та година со 20 убоди со нож под дејство на алкохол , извршил убиство на својата љубовница Родева.

Како што информира Канал 5 Котевски ги поминал сите инстанции и добил целосно помилување и нема да ги одлежи последните 9 месеци од затворската казна која му беше досудена.

Покрај Котевски целосно се ослободени уште 10 осуденици, додека 42-ца добија делумно помилување меѓу два и 9 месеци од преостанатата казна што осудениците ја издржуваат во македонските затвори.Меѓу 53-цата помилувани има само една жена.

Kanal5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1