Бог да чува: Со ГМО создадени флуросцентни прасиња (Видео)


Група научници од Кина успеале да создадат десет мали прасиња кои светат во зелена боја под црно флуоросцентно светло.

prasinjaМеѓутоа, научниците овие светлечки животни не ги прават за да ги користат како божиќни украси. Целокупното истражување има за цел да се пронајде евтин и ефикасен начин во човечкиот организам да се внесе корисен ген, кој би можел да помогне во лечењето на многу наследни болести.

Научниците од Земјоделскиот универзитет на Јужна Кина успеале да го сторат ова со помош на техника која ја развил Медицинскиот факултет Маноа при Хавајскиот универзитет, така што во ембрионите на прасињата вбризгале флуоросцентен протеин од ДНК-та на медуза.

Истата техника беше употребена порано годинава во Турција, за да се создадат зајаци кои светат во темнина, а моментално се работи на тоа сличен резултат да се добие и кај овците.

prasinja1Д-р Стефан Мојсијади, експерт од Хавајскиот универзитет кој се бави со биомедицина на тамошниот Институт за биолошки истражувања, тврди, да кажеме, дека оваа техника би можела да им помогне на луѓето кои боледуваат од хемофилија, ретко генетско заболување кое го спречува згрутчувањето на крв.

„Знаеме дека ензимите за згрутчување на крвта се многу поевтини ако се произведуваат во животни, отколку во фабрика чија изградба би чинела милиони долари“ – вели тој.

Според Мојсијади, прасињата кои светат во темнина немаат никакви последици поради овој ген, и се очекува дека животниот век ќе им биде ист како и на сите нивни роднини.

„Зеленото е само маркер, кој покажува дека тоа лесно функционира“ – вели Мојсијади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1