На Водно поставени опасни стапици за дивеч – тешко се забележуваат – внимавајте


Група пријатели во неделата вечер во потрага по загубено куче-миленик наишле на застрашувачка глетка на падините на Водно. Трагајќи по стрмите падини околу месноста Средно Водно, групата млади скопјани слушнале крици од болно животно. Следејќи ги дошле до една стрмнина, каде што виделе застрашувачка глетка. На неколку сајли, поставени во форма на замки, било фатено друго куче, кое цимолејќи барало помош. Веднаш почнала акција за спасување, пишува Нова Македонија.

stapica– Барајќи загубен миленик спасивме друго куче, кое, верувале или не, беше фатено во стапица за диви свињи или друг дивеч направена од сајли. Кучето беше заглавено во дебели сајли на доста непристапен терен. Со многу мака и голема претпазливост и ние да не паднеме во некоја слична замка успеавме со едноставниот алат што го носевме да ја пресечеме сајлата и да го ослободиме кутрото животно. Во непосредната околина успеавме да уништиме уште една слична замка, која во примитивни општества се користела за суров лов на диви животни. Се прашуваме колку диви и домашни животни биле жртви на ваков суров начин на убивање. Сите треба да знаеме дека домот на дивите животни се планините и шумите, а ние таму сме само гости. Да им го зачуваме мирот – напишаа групата спасувачи на своите фејсбук-профили.

Загрозена безбедноста за сите

Веста за оваа случка брзо се рашири и предизвика вистинска лавина реакции кај планинарите и љубителите на животни. Некои од нив бараат итна акција на надлежните органи за проверка и за расчистување на теренот од ваквите смртоносни замки. Стапиците прво тешко се препознаваат, личат на обична жица и поради тоа може да бидат опасност за секого, особено за домашни миленици и за мали деца, кои по природа се љубопитни.

Неколкуте здруженија за заштита на Водно и на животните веруваат дека станува збор за ловокрадство и најавуваат поширока акција за да се предизвикаат внимание и дебата во јавноста за да се спасат многу животи.

Повеќе на – Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1