Популарниот актер Том Круз (45) е меѓу фаворитите за улогата на биографскиот филм на основачот на Playboy – Хју Хефнер (81).
Извор близок на авторот пренесува дека кога Круз ја дознал оваа информација бил прилично возбуден. Бил запознаен со бурното минато на Хју и за него ќе преставува огромен предизвик доколку ја толкува токму оваа улога.
Бидејќи оваа личност е многу динамична, Том би ги покажал своите разновидни способности како актер и така медиумите повеќе би се занимавале со неговите дела одколку со неговиот приватен живот. Пренесуваат светските медиуми.
Менаџерот на познатиот актер одбива да даде било каков коментар на прашањето дали Том ја добил оваа улога или не, но изјавува : „ Многумина луѓе го гледаат Круз во различни улоги и го посакуваат во своите филмови “ .
Но, медиумите исто така шпекулираат дека во трка за главната улога на Хефнер влегува и познатиот актер Леонардо Ди Каприо, кој е чест посетител на вилата на Хју во Лос Анџелес.
За режијата би бил задолжен Брет Ратнер за биографскиот филм на Хју Хефнер.