Компанијата “Пионир” ќе ја тужи белградската фирму “Ангкор” бидејќи од Турција увезла бомбони кои се копија и по име, облик и амбалажа на нивните “лешник карамели” и “негро” бомбоните.
Министерството веднаш реагирало па сите турски бомбони се запленети и повлечени од продажба. А додека се продавале биле едно до друго на полицата со оние на пионир – и купувачите не можеле да ги разликуваат, што е удар на кредибилитетот на пионир, велат во компанијата.
Најавена е тужба и за турската компанија бидејќи освен во Србија истите бомбони ги извезува и во БиХ и Црна Гора.