Доколку сакате личноста со која разговарате да не добива известување дека ја имате прочитано нејзината порака, порталот IT.com.mk пронајде 4 решенија за тоа:
facebook-apFB Unseen е екстензија за Chrome која ја блокира адресата преку која Facebook детектира дали пораката е прочитана или не.
Напомена: Доколку ја инсталирате екстензијата можно е сите ваши пораки да бидат означени како непрочитани, а пораките ќе останат непрочитани се додека не им одговорите или не ги означите како прочитани. Исто така, има и реклами, но истите може да бидат блокирани доколку користите AdBlock Plus.
Unseenly е Facebook апликација која го користи Graph API-то на Facebook за да пристапи до вашите пораки и да ја отстрани Seen пораката. Оваа решение е добро доколку не сакате да користите додатоци на вашите прелистувачи или пристапувате од повеќе уреди.
Уште една екстензија за Chrome која ги блокира “Seen” пораките и известувањето дека пишувате одговор.
AdBlock Plus е екстензија која најчесто се користи за блокирање на реклами, но со можноста на сопствените филтри можете да блокирате и друг вид на барања. За да ја отстранете “Seen” пораката, како филтер додадете ја адресата: facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php$xmlhttprequest,или facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php (оваа адреса всушност се блокира со првото предложено решение).