3800 летови откажани – пилотите на Луфтханза во штрајк, бараат поголеми плати


Пилотите на германската компанија „Луфтханза“ стапија денеска во тридневен штрајк, поради што авиокомпанијата откажа 3.800 летови, што ќе создаде проблеми за околу 425 илјади патници.

lufthanzaОвој прекин на работата би можел да биде еден од најголемите штрајкови во историјата на „Луфтханза“.

Синдикатот, кој ги застапува правата на 5.400 пилоти, го организираше штрајкот поради неисполнување на барањата да се задржат постоечките правила во врска со нивното пензионирање.

Портпаролката на авиокомпанијата Барбара Шедлер  денеска го повика синдикатот на нова рунда разговори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1