Состојки:
• ½ килограм брашно
• 300 гр шеќер
• 300 мл млеко
• 18 лажици мармалад
• 2 мали лажици сода бикарбона
• 2 мали лажици цимет
• 300 гр чоколадо
Подготовка:
за тесто
Се мешаат ½ килограм брашно, шеќер, млеко, 10 лажици мармалад, сода бикарбона и цимет. Тестото се преполовува и се става во тава за печење. Малку се запечува и потоа се става филот.
за фил
Во длабок сад се ставаат 200 гр чоколадо и 8 лажици мармалад. Садот се става на умерен оган и смесата се вари додека не се истопи и не стане хомегена.
Откако ќе го ставите филот, поставете ја и втората половина од тестото и овојпат испечете до крај. Се пече 20–25 минути на температура од 180℃.
На крајот, може да декорирате со глазура од чоколадо (растопете го преостанатото чоколадо).
Сервирање: колачот можете да го исечете на правоаголници или ако сакате потполно доживување, искористете калапи во облик на срце и направете ги колачите токму во форма на нивното име.