Ги тужел поповите – не му ги избркале демоните од куќата


 Мадалин Чикулеску (34) обвинил пет лица за измама, бидејќи тие повеќе пати доаѓале кај него да ги истераат демоните одговорни за непријатната миризба во нивниот дом кој му го уништувале бизнисот.  Тој тврди дека по безуспешниот егзорцизам демоните почнале да го прогонуваат. Случајот е ставен во групата на „религиозна злоупотреба“ и наводно е прв од ваков вид пред романските судови.

svestenik_1365266077_670x0Случајот веќе е одбиен од страна на понискиот суд, а потоа и на повисокиот, но, бизнисменот сега сака да излезе со својот случај пред Европскиот суд за човекови права.

„Обвинетите не ги избркаа демоните кои предизвикаа непријатна миризба, како што претходно ветија, а јас денес ги гледам демоните во животна форма и тоа ми го уништува животот“, изјавил тој.
„Кога стигнав дома тие ми го палат и гасат телевизорот постојано и предизвикуваат мириси кои ми создаваат главоболки и практично талкаат околу мојата куќа.

F¸nf tote Babys - Prozess in Flensburg Мадалин Чикулеску тврди дека несветите сили го запоседнале и фенот за коса и дека секој пат кога некој ќе се обиде да го запали од него излегува црна сенка.
Но, адвокатот на црквата ги отфрли ваквите обвинувања за измама и изјави дека егзорцизамот е прописно извршен и ги отфрли сите понатамошни проблеми со демоните кои ги наведува Чикулеску се само производ на неговата фантазија.

Романскиот суд се согласил и со црквата и ги отфрлил обвиненијата против архиепископот и свештениците и наредил да ги плати сите трошоци за судењето на  Чикулеску.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1