Викендов – грмежи, поројни врнежи и ветер


Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне со услови за поинтензивни врнежи проследени со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб северозападен ветер

vetar1Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 16 до 21 степен.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а попладне нестабилно со услови за поројни врнежи и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот ќе продолжи период на променливо облачно време со почести врнежи на дожд кои наместа особено во попладневните часови ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер. (МИА)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1