Го нарече нејзиното дете ,,грдо“ – еве што му одговори мајката


Меган Дејвис Менс е мајка на Квин, детенце кое има Даунов Синдром. Сите знаеме дека мајките секогаш се заштитнички настроени кон своите деца, па таков е и овој случај, во кој една мајка одлучи да се “пресмета” со човекот кој нејзиниот син го нарекол грозен.

Меган за своето дете пишува на посебен блог, а во статијата за “Huffington Post”, таа вели дека знаела дека ќе дојде денот кога ќе треба да се “пресмета” со интернет троловите, пред се затоа што секојдневно се соочувала со невкусни коментари на луѓе кои коментираат за нешто за кое немаат никакви познавања.

majka1-630x630Иако овие коментари често ја повредуваат, за поголемиот дел од нив таа знае дека истите не се ниту вредни за нејзиното внимание.

Сепак, минатата сабота корисникот “@JusesCrustHD”, на кого во својот текст таа директно му се обраќа, одлучил да коментира конкретно за нејзиниот син, па затоа таа сега одлучи да му ја пренесе својата порака:

„Наместо да бидам лута, ќе ти дадам совет: Немој да бидеш шупак! Ќе ти се врати и ќе те прогонува!”.

Во продолжение прочитајте го целосното обраќање на навредената мајка која го брани својот син.

“Не сакам да донесувам заклучоци за тебе, меѓутоа можам да претпоставам дека знаеш многу малку за тоа колку беспомошно се чувствуваат родителите кога се грижат за болно дете кое има проблеми со дишните патишта. Квин беше болен минатата недела, меѓутоа до петокот состојбата му се подобри. Седевме во дворот и го впивавме сонцето по неговиот ден во училиштето.

Нема многу нешта на овој свет кои се поубави отколку она да можете да го погледнете своето до неодамна болно дете како се смее, па затоа јас направив неколку слики за да го прославам неговото заздравување и истите ги објавив на Инстаграм со хаштагот #дауновсиндром. Сакам да ги разгледувам сите тие слики во моето слободно време затоа што децата се преслатки. Секако, ти мислиш поинаку затоа што ти, “JusesCrustHD”, кога ја погледна сликата на мојот син, напиша само еден збор:

Грозно!

Фактот дека моето дете тебе ти е грозно е една работа. Имаш целосно право на свое мислење. Но фактот дека намерно си ја барал ознаката #дауновсиндром за да можеш да пронајдеш фотки за навреди, а за жал Квин не е жртва само на твоите зборови затоа што наидов и на многу други коментари, е навистина детинест и тажен гест.

Твојот профил исто така е преполн со навреди и сурови изјави. Тврдиш дека станува збор за шега и дека луѓето би требале да се опуштат. А што ќе правиме со фактот дека ти намерно ги бараш сликите од нашите деца?! Што да правиме поради тоа што прекрасната фотографија од мојот син е загадена со твојата омраза? Тоа не е шега, тоа е “cyberbullying”. Треба ли воопшто да споменувам дека го пријавив твојот профил?!

Ова нема да биде последен пат кога некој ќе го отфрли мојот син затоа што е поинаков. Нема да биде последен пат некој да се пошегува на негова сметка, меѓутоа активно да бараш луѓе и да им се смееш, па тоа е навистина сурово. Тоа е нечовечки!

Сфаќам дека сакаш да се вознемирам поради твојата мала “шега”. Ќе бидам искрена, тешко е да не се лутам поради тоа, меѓутоа не можам и да си дозволам да носам таков товар на својот грб. Не можам да си дозволам да чувствувам било што, освен жалење за таква личност каква што си ти. Затоа што на крајот ти ќе бидеш оној кој ќе мора да се соочи еден ден со последиците од своите одлуки. Мал е бројот на луѓето на овој свет кој толерираат вакво непристојно размислување и наскоро ќе навредиш погрешна личност. Можеби тоа и веќе се случило, па затоа се криеш зад екранот.

Бог знае дека имаше многу сурови адолесценти во мое време, деца на кои што омилена забава им беа шегите на туѓа сметка. Некои од навредите беа директно упатени кон мене, меѓутоа таквото искуство мене само ме зајакна како личност и од сето тоа јас излегов како победник. Можеби затоа и денес сум подготвена да го заборавам ова, затоа што знам каде завршија овие деца, а тоа е некаде каде што јас дефинитивно не сакам да бидам. Како учителка, видов деца како тебе и заклучив дека се им се враќа! Излези! Прочитај книга! Некому дај му комплимент! И, најважно, сфати дека постои доволно суровост на овој свет, односно дека секој кој е вреден за живот би требало да се труди овој свет да стане подобро место за живеење, а не полошо!

Се надевам дека моите деца ќе знаат да се соочат со суровите коментари и постапки и дека кон другите ќе се однесуваат со почит. Сите тоа го заслужуваме, па дури и ти!

Искрено, 
една горда мајка!”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1