Натпреварот од осмото коло во кошаркарската Супер-лига меѓу Работнички и Куманово е во прекин, откако се случи општа тепачка на теренот, по што екипата на Куманово се повлече во соблекувалните, јави специјализираниот спортски портал Екипа.мк.
Како што пренесува екипа.мк, во 23. минута од натпреварот, при водство на Работнички од 49-35, при една мртва топка настана општ хаос на теренот.
Инцидентот почнал со дуел меѓу Симоновски и Луковиќ кој се претворил во физичка пресметка, по следела молскавична реакција од сите играчи на двата клуба.
Неколкуминутната битка со интервенција на специјалната единица на МВР била ставена под контрола, по што гостите од Куманово се повлекле во соблекувалните.