Цела Америка бара спас за евакуација – чекаат ерупција на Јелостоун?


Веќе неколку дена, многу теоретичари на теориите на заговор, тврдат дека американските власти се уверени во скора ерупција на таканаречениот супервулкан под познатиот парк Јелоустоун, и дека поради тоа подготвуваат план за евакуација на комплетното население на САД

jelouston-super-vulkanНа една јужноафриканска веб страница, наводно се појавија информација дека американската администрација на Африканскиот национален конгрес, му понудила десет милијарди долари годишно, за привремено сместување на околу 300 милиони Американци.

Инаку, како други локации за преселување се споменуваат Бразил, Австралија и Аргентина.

Од друга страна научниците ја уверуваат јавноста дека во овој момент ништо не укажува на можност од скора ерупција на супервулканот, кој последен пат имал голема ерупција пред 640.000 години, а како последица од неговата експлозија, е пустош на американскиот континент.

Се било прекриено со пепел, а бројните животински и растителни видови биле избришани од лицето на Земјата.

-Шанската за време на нашите животи да дочекаме ерупција е речиси безначајна, изјави Питер Кервел, помошник директор за наука и технологија при УСГС Научниот центар за вулкани во Калифорнија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1