Авторот Гери Л. Стјуарт по 12 години истражување, открил застрашувачка вистина дека неговиот татко е еден од најозогласните сериски убијци во историјата на САД и одлучил да напише книга за него.
Пред неколку години, излезе филм за сериски убиец наречен Зодијак, кој беше вистински хит, така што не постои сомневање и дека и книгата ќе крене прав.
Станува збор за потенцијален хит, книга на човек кој 12 години истражувал и открил шокантна вистина дека неговиот татко е еден од најголемите сериски убијци во историјата на САД.
Иако издавачите не сакаат да откријат детали за книгата, новинари дознале дека татко му на Стјуарт имал досие и дека неверојатно личел на фото-роботот кој го претставува Зодијак.
-Не сакаше да поверува. Мислам дека никој од нас не би поверувал дека неговиот татко е озогласен сериски убиец- вели Тина Андреас од Харпер Колинс.