Дали пукањето на прстите е штетно за здравјето?


Колку често ги пукате прстите иако старите ви рекле тоа да не го правите, затоа што во староста ќе ви се тресат рацете? Сепак, малку кој од нас го почитува тоа „правило“ и не ги пука прстите.

Како настанува звукот од пукањето?

pukanje-na-prstite1Без разлика која метода на пукање на прстите да ја користите, звукот се создава на ист начин. Просторот меѓу зглобовите се зголемува, па ги зголемува гасовите натопени во синавијална течност, која ги подмачкува зглобовите, кои создаваат микроскопски меурчиња. Овие меурчиња се спојуваат во поголеми кои конечно пукаат кога допонителната течност ќе дојде за да ги пополни празнините.

Кога зглобовите еднаш ќе пукнат, не можат да пукаат во следните 15 минути. За тоа време зглобот постепено се враќа во нормална големина, а во течноста се пуштаат нови гасови , па зглобот е повторно спремен за пукање.

Дали пукањето е штетно?

Ако овој процес го анализираме од чисто техничка перспектива, ќе се наметне заклучокот дека честото пукање би морало да биде штетно затоа што постои можност во процесот да се оштети ’рскавицата со која е обложен зглобот. Меѓутоа, медицински докази за ова нема.

Всушност, на оваа тема до денеска се спроведени многу малку истражувања. За едно од најпознатите во 2009 година беше доделена и Нобелова награда. Имено, калифорнискиот доктор Доналд Унгер 60 години си ги пукал прстите на својата лева рака најмалку два пати дневно, додека прстите од десната рака не ги пукал. Заклучил дека нема никаква разлика меѓу двете раце и дека на ниту една не добил артритис.

Едно друго истражување спроведено во 1975 година во старечки дом во Лос Анџелес покажа дека пукањето на прстите може да биде и благотворно. Имено, испитаниците кои си ги пукале прстите во мал процент развиле остеоартритис.

Една опсежна студија спроведена во Детроит во 1990 година, спроведена на примерок од околу 300 луѓе постари од 45 години дала спротивни резултати. Според нив 84% од пукачите на прсти имале отоци на рацете, а и стисокот им бил послаб.

Но, научниците истакнуваат дека во ваквите студии пред се треба да се земе во предвид еден проблем. Имено, можно е луѓето кои се склони на пукање на прстите да чувствуваат одредени болки кои се рани симптоми на болеста која подоцна би можела да се развие. Освен тоа, веројатно постои и некоја разлика меѓу оние кои тоа го прават неколку пати дневно и оние кои ги пукаат прстите многу често.

Меѓутоа, една најнова студија, објавена минатата година покажала дека дури и честото пукање на прстите не влијае на нивото на остеоартритис.

Последица, а не причина

Како се појави идејата за поврзаноста на пукањето на прстите со остеоартритис? Вистина е дека зглобовите на луѓето кои имаат остеоартритис често пукаат, затоа што имат оштетена ’рскавица. Меѓутоа, од сите досегашни истражувања пред се може да се заклучи дека пукањето на прстите е последица, а не причина за оштетување. Факторите на ризик потврдени во случајот артритис се староста, семејната историја на болести, повреда на рацете или тешка работа на рацете.

БабинЛек.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1