Украдени 1 700 евра на сред бел ден во бутик во Прилеп


Вчера околу 12:30 часот во прилепската стара чаршија од бутикот “Лејди Баг” се украдени денари во противредност од околу 1.700 евра, кои сопственичката на бутикот ги понела  од дома, со цел да ги конвертира во евра,  за со нив да замине во странство во набавка на роба, објави порталот revolucioner.mk.

krazba-2-540x370Безбедносните камери кои што се наоѓаат во бутикот успеале да ги снимат измамничките кои што и ги украле на сопственичката парите. Од видео материјалот е видливо дека станува збор за класична измама, додека едната од двете изманички и го одвлекува вниманието на продавачката, другата девојка го зема паричникот и заминува.

„Во продолжение погледнете ја снимката и доколку можете да ги распознаете девојките кои што го однеле паричникот јавете се на 078 308 443 – Билјана, или пријавете во полициска станица во Прилеп“, апелира revolucioner.mk.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1