За отстранување на долгорочните последици од катастрофалните поплави Србија може да смета на милијарда евра од Фондот на солидарност на ЕУ, најави комесарката за хуманитарна помош и вонредни ситуации на Унијата, Кристалина Георгијева.
Станува збор за фонд кој е востановен по тешките поплави во централна Европа минатата деценија, а услов е штетата од поплавите да надминува 0,64 отсто од бруто домашен производ на погодената земја
Покрај тоа, комесарот за проширување Штефан Филе бара начин да се издвојат и дополнителни средства од претпристапните (ИПА) фондови.
За Босна и Херцеговина, која нема статус на кандидат, пристапот до фондовите е покомплициран.
Унијата во Србија и во БиХ испрати пумпи со висок капацитетм хеликоптери, чамци, како и 450 волонтери.