Горан Пандев, по завршувањето на обврските во италијанската Серија А, дојде во својата родна земја Македонија.
Тој денеска присуствуваше на Куп-финалето на пионерите, во кое играше и неговата фудбалска академија. Пандев на дуелот дојде со својот нов „ѕвер“ вреден 200.000 евра. Станува збор за автомобил „порше макан – гембала“, кој од неодамна е сопственост на нашиот најдобар фудбалер, пишува Телеграф.мк.
ФОТО: Телеграф.мк