По 10 години пронајдена киднапирана девојка


Девојка, која пред десет години била киднапирана, сексуално малтретирана и принудена да се омажи за својот грабнувач, побегнала од него откако на Фејсбук успеала да се поврзе со својата сестра, соопшти полицијата на американската држава Калифорнија.

kidnapermanДевојката, чие име не се соопштува, како што јави ДПА, била киднапирана пред 10 години на 15-годишна возраст.

Полицијата го уапсила Исидоро Гарсија, осомничен како нејзин грабнува ч, кој за неа во Мексико набавил лажни документи со цел да може да ја ожени.

Девојката исчезнала во Санта Ана во 2004 година.

Гарсија во 2007 година набавил лажни документи со цел да ги сокрие нејзините години и име.

Американските медиуми наведуваат дека двајцата во 2012 година добиле дете.

Полицијата соопшти дека девојката двапати се обидела да побегне, но овие неуспешни обиди завршиле со нејзино претепување.

Гарсија на девојката, која во САД дошла илегално и кажал дека членовите на нејзиното семејство престанале да ја бара и дека ќе бидат депортирани доколку таа стапи во контакт со нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1