Доколку сонувате дека вашата сакана особа ве изневерува, тоа може да претставува знак за потенцијални проблеми во љубовта. Истражувањето кое потекнува од универзитетот во Мериленд покажало дека соништата можат да ја прогнозираат активноста на вашата врска.
Резултатите покажале дека соништата со теми како кавга и љубомора следниот ден потикнуваат несогласување и конфликт кај паровите, додека визиите за неверност резултирале со помалку секс.
Тимот кој работел на оваа студија предупредува дека луѓето често не се свесни за значењето на соништата и дека не посветуваат внимание на нивното влијание.
Од друга страна пак соништата кои се поврзани со секс имале позитивно влијание на љубовта и блискоста. Токму овој факт покажа дека сексот во сон може да има подеднакво и добри и лоши последици во односот помеѓу партнерите.
Човечката изложеност на надворешни влијанија доведува до појава на одредени соништа, а она што е сигурно е дека луѓето ја менуваат својата активност врз основа на сонот што го имале претходната ноќ.