HAARP не е виновен – Ако верувате во теории на заговори, еве зошто не сте во право!


Овие денови многу се шпекулира дека катастрофалните поплави кои ја погодија Србија се последица на HAARP, па поради тоа решивме да ви објасниме што е оваа програма и која е всушност нејзината улога.

haarp-660x524Високофреквентната програма за активно истражување аурората HAARP е сет од антени кои емитуваат високо фреквентно HF радио зрачење. Овој систем на радио антени е дизајниран така да влијае на 85-200 километри на областа на Земјината атмосфера, т.е. Јоносферата.

Јоносферата се наоѓа над Озонската обвивка па сосема е логично да е под силно влијание на UV и X зраците кои доаѓаат од Сонцето. Нејзина добра особина е таа дека поради голем број на наелектризирани атоми, јони и електрини, ги одбива HF радио зраците назад кон Земјата. Тоа е многу значајно бидејќи токму тоа е принцип на работа на HF радијата. Американската војска го користи HAARP за да комуницира со подморниците кои се наоѓаат на големи длабочини.

Меѓутоа, во текот на геомагнетните бури и Сончевите факели, Јоносферата трпи извесни промени кои можат да бидат такви за да се овозможи радио комуникација. Целта на програмата на HAARP системот е да се решат токму овие проблеми, т.е. постигнување на што поквалитетна комуникација на радио брановите, пишува страната www.svetnauke.org.

haarp-300x221Како и каде се основаат циклоните и дали HAARP може да влијае на неговото формирање, а со самото тоа и на движењето на катаклизмичните врнежи на кои и самите бевме сведоци?

Времето се формира во Тропосферата, а зависи од голем број на параметри, пред се од разликата во притисокот, температурата и влажноста на воздухот. Таа е најнизок слој на атмосферата на висина од 0 до 12 километри и составена е од водена пареа и Флорохлоројаглерод или аеросоли.

Кога во Тропосферата ќе се јават области на низок воздушен притисок, може да дојде до струење на воздухот во вртлози, од работ кон средината, со тенденција нееднаквите притисоци да се изедначат. Токму на овој начин настануваат циклоните, како што беше циклонот Тамара, а тие се главно следени со силни ветрови и огромна количина на дожд.

Што мислите, дали системот антени кој е дизајниран да влијае на областа на Земјината атмосфера, може во далечина од 85 до 600 километри да влијае на поплавите кои се случуваат на само 0 до 12 километри од тлото?

Се чини дека не постојат шанси систем како што е HAARP да може да влијае на временските прилики.

Светот на науката – Белград

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1