Вучиќ нареди итна истрага, можеше ли порано да се реагира за поплавите?


По наредба на српскиот премиер Александар Вучиќ наложено е спроведување на итна истрага што во најкраток рок ќе даде одговор на прашањето дали во поплавите можело да се реагира побрзо и подобро, пишува весникот “Наше новине”.

vucicВесникот, повикувајќи се на извори од владата на Србија, наведува дека истрагата најмногу ќе се однесува на Обреновац, како и дека ќе бидат проверени сите обвиненија упатени кон претседателот на општината Мирослав Чучковиќ.

– Наредена е целосна истрага со цел да не остане ниту најмал сомнеж. Едноставно се работи за премногу важни работи и голема штета, првенствено на загубени човечки животи, за било што да остане неразјаснето, нагласува владиниот извор за весникот “Наше новине”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1