Три годишно детенце го убило своето 18 месечно братче со пиштол што го нашло во дневната соба на соседот, каде децата си играле.
Мајката и соседот тврдат дека не знаеле дека децата земале пиштол, но со оглед на тоа што полицијата во таа куќа нашла повеќе парчиња оружје кои биле на сечиј дофат, не ја исклучуваат можноста за одговорност на возрасните за овој инцидент.
– Пред да зборуваме за можни обвиненија, ги анализираме околностите, прашањето зошто оружјето не било закочено и како децата можеле да дојдат до него. Истрагата ќе трае околу една недела – вели полицискиот шеф Дон Енглер