Собирање јагоди во Финска, работа на поле во Велика Британија, работа на брод, келнер во Црна Гора, работа со морски плодови на Алјаска, или на некоја оддалечена нафтена бушотина, ова се само некои од сезонските работи во странство за кои младите се’ почесто се определуваат.
– За собирање јагоди во Финска се пријавив неколку месеци пред крајот на сезоната, за да имам време да добијам дозвола. Се јавив преку огласот кој го дале едни сопственици на плантажа. За секое собрано кило јагоди добивав нешто помалку од три евра, а за три месеци во куќата си отидов со пет илјади евра – вели Марија Катиќ за 24 САТА.
Колку е возможно да заработите и на други сезонски работи во странство
Работа во САД:
Собарка во хотел: 7 долари на час
Келнер: 8 долари на час
Чувар на плажа: 9 долари на час
Помошник во кујн: 7 долари на час
Помошник при преселби: 13 долари на час
Чување деца: 150 долари дневно
Работа во Европа:
Берење јагоди во Финска: 2,8 евра по килограм
Берење малини во Финска: 4 евра по килограм
Келнер во Црна Гора: 500 евра месечно
Келнер во Грција: 700 евра месечно
Готвач во Црна Гора: 800 евра месечно
Чување деца во Австрија и Германија: 200 евра неделно