Арачиновци алергични на ЕВН – а ги видат инкасаторите протестираат


Арачиновци не знаат што точно прават екипите на ЕВН во нивното село, но завчера излегле да протестираат затоа што мислеле дека ќе им исклучуваат струја. Не знаат ниту дали ќе ги одржат следните протести, закажани за в петок, а се надеваат дека работите до тогаш ќе бидат појасни. Жителите на најголемото село во околината на Скопје велат дека 90 отсто од 20-те илјади арачиновци се невработени и не можат да ги платат сметките, се жалат дека сметките се превисоки, а струјата слаба и често има прекини, пишува Дневник.

{EFF50970-1E02-432E-8F0E-3BFAB1E327A9}_struja-2– Сакаа да ги менуваат саатите, па затоа луѓето се собрале да протестираат. Секоја година ги менуваат. Досега трипати ги менуваа. Ние плаќаме како што треба, ама струјата е слаба. Трафостаниците се преоптоварени и снемува струја. Во мојата улица се случува да снема струја и трипати на ден. Моите сметки се околу и над 15 илјади денари месечно. Плаќам напон од 220 волти, а сега да измериме нема да биде повеќе од 160 волти – вели Шабан Ферати.

Арачиновци сметаат дека во селото прво треба да се стабилизира напонот со нови трафостаници, па потоа да се менуваат струјомерите.

Според ЕВН, компанијата досега во Арачиново инвестирала повеќе од 1,5 милион евра, а и сегашните активности се за подобрување на инфраструктурата и снабдувањето. Слабата струја, објаснуваат, е од многуте кражби.

Проблем не е се тековните, туку заостанатите долгови на корисниците од Арачиново, вели Атанас Kовачевски, портпарол на ЕВН. За тие долгови компанијата овозможува плаќање на рати, како што плаќаат и дел од семејствата во Арачиново, а некаде и ги простува каматите за задоцнето плаќање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1