Овие денови во Америка вистинска сензација е Твитер профилот @HiddenCash каде непознат милионер објавува локации на кои скрил пари.
Викендов скриените пари се наоѓале на плажа во Лос Анџелес што воедно е продолжение на проектот на мистериозниот богаташ, 36 играчки Енгри Брдс полни со пари биле скриени под песокот на плажата Хермос.
– Заработив милиони во последниве неколку години, што е многу повеќе од она што го очекував, а повеќето мои пријатели не можат да си дозволат ни скромна куќа.
Ова е мој начин да и вратам на заедницата – изјавил милионерот.