СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство, поднесе кривична пријава против лицето А.Д.(41) од Куманово-вработен во АРМ како ракувач на магацин во издвоен објект (магацини на АРМ во село Отовица), поради основи за сомнение дека сторил кривично дело „противзаконито располагање со доверено оружје“.
Во периодот септември 2013 година – март 2014 година, пријавениот во повеќе наврати бесправно присвоил и отуѓил 6.300 парчиња муниција со калибар 7.62 за автоматска пушка што му биле доверени на чување , а кои служат за потребите на одбраната на Република Македонија. Со наведеното, пријавениот ја оштетил Армијата на Република Македонија за износ од 75.600 денари.