Надевајќи се дека пронашол решение за својот мал проблем, еден човек од Малезија платил 130 евра за направа која наводно го зголемува пенисот, меѓутоа добил нешто што сигурно не го очекувал. Малезиецот од Сери Кембанган останал разочаран и бесен кога сфатил дека е само уште една жртва на интернет измама.
На еден сајт за онлајн продажба прочитал дека постои справа која може да му го зголеми пенисот. Човекот ги уплатил парите и си ја чекал справата. Кога конечно го добил пакетот бил шокиран кога го отворил.
Справата била обична лупа.
За ситуацијата да биде посмешна, „производителот“ му испратил и инструкции, да не си го „зголемува“ пенисот додека низ лупата минуваат сончеви зраци.