Пациентка нападна доктор во Штип


По физичкиот нападат на лекар во тетовската болница, полицијата вчера интервенираше и во штипската клиничка болница.

stip bolnicaПациентка од Кочани нападнала лекар во хирушкото одделение. Неофицијално,  како што пренесува Канал 77, причина за инцидентот бил презакажан термин за операција, за што пациентката била доцна информирана.

-Тоа предизвикало револт кај жената која бесот го истурила на штипскиот лекар. Била повикана и Полиција. Порпарлот на СВР Штип, Гордана Панајотова, вели дека има пријава за напад, но вербален, не физички, објави Канал 77.

Од штипската болница, не демантираат дека дошло до некаков инцидент, но велат дека со информации ќе излезат во понеделник откако детално ќе го испитаат случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1