Родителите мора да знаат дека повредите, вклучувајќи ги и оние смртоносните се можни во базените со која било големина, па дури и во оној најмалиот детски. Многу е важно да знаете дека детето може да се удави и во вода која е длабока само дваесетина сантиметри. Доволно е да се лизне и да падне со лицето кон водата. Доколку ја повредило главата при падот и изгубило свест, шансите да се спаси дополнително се намалуваат, пренесува majkaidete.mк
За да бидете свесни за опасностите кои демнат од базенот, доволно е да ги разберете следните факти:
- давењето е една од најчестите причини за смрт на децата во светот на возраст до пет години
- со само една секудна невнимание го изложувате детето на голема опасност
- повеќето давења се случуваат во малите домашни базени
- давањето може да се спречи!
КОНСТАНТНО РОДИТЕЛСКО ВНИМАНИЕ
За да ја намалите максимално опасноста од давење мора стриктно да се придржувате на одредени правила. Тие можат да се поделат во три категории: константно родителско внимание, физички бариери и обука.
Константното родителско внимание подразбира дека вашето дете секоја секунда треба да ви биде во видното поле. Доколу телефонирате или правите нешто со другото дете додека помалото е во близина на водата, тоа не е КОНСТАНТНО родителско внимание. Доколку на момент вниманието да ви го окупира некоја ситница и може да биде предоцна.
Секогаш придржувајте се на следните правила:
- Нека едно возрасно лице секогаш биде покрај детето кое се наоѓа во близина на базенот. Тоа се однесува и на моментите кога сте сами со децата, но и на различните собири кога мислите дека веројатно ништо не може да се случи бидејќи околу базенот има многу луѓе, што вам дополнително ви влева сигурност. Напротив, тогаш е многу поголема веројатноста дека никој ништо нема да забележи.
- Доколку морате да телефонирате или само на момент да влезете во куќата, земете го и детето со себе, односно оневозможете му го приодот до базенот.
- Мускулите, гумата и останатите средства кои пловат на вода не се и не смеат да бидат замена за родителското внимание.
- Обезбедете прегледен поглед кон базенот, без дрвја и џбунови помеѓу куќата и базенот.
- Бидете сигурни дека го знаете бројот на итната служба која треба да ја повикате во случај на незгода. Тоа се однесува и бебиситерката и на сите оние кои се грижат за детето.
Доколку се придржувате на овие правила, шансите дека ќе поминете убаво и безгрижно лето повеќестро се зголемуваат. Многу е веројатно дека некои од овие правила ви делуваат банално, а некои ви изгледаат прескапи. Пред да се одлучите да не се придржувате на нив, размислете колку вреди животот на вашето дете и колку вреди животот без него.