Има девет основни состојки со чија помош можете да постигнете вистинска љубов и добар однос со партнерот. Ниту една од состојките не смее да се изостави бидејќи секоја дејствува во синергија со некоја друга. Потребни ви се:
* Самопочитување
Законот на квантната физика вели дека го привлекуваме она што сме. Законот на привлечноста ни вели дека во животот го привлекуваме она што мислиме дека го заслужуваме. Поради тоа, ако во животот привлекувате вистинска љубов, мора да ги препознаете своите добри особини и да знаете да ја цените својата вредност.
* Почитување
Почитувајте го партнерот. Врската во која недостига почитување е осудена на пропаст.
* Искреност
За врската да успее двата партнера треба да бидат искрени и отворени. Ако видите дека партнерот не е искрен, најверојатно ќе се прашате колку искрени вие треба да бидете. Но секогаш бидете искрени со своето момче или девојка и очекувајте го истото и тоа и ќе го добиете.
* Рамноправност
Има тенка линија меѓу она кој сте како човек и што сте како двојка. И двата партнера би требало да ги задржат независноста, своите интереси и страсти, но и двата партнера треба да се поддржуваат.
* Комуникација
Комуникацијата треба да биде лесна во тек на целата врска. Кажете му на партнерот и очекувајте од него да ви ги каже своите стравови, чувства, емоции, желби и цели.
* Разбирање
Во здрава врска двата партнера се разбираат и се трпеливи еден кон друг. Прифаќаат различности и почитуваат граници.
* Слобода
Љубовта не можете да ја држите на синџир, па така ни партнерот. Ако мислите дека има потреба за тоа, тогаш имате сериозни проблеми.
* Желби на партнерот
Ова е една од најважните состојки, а повторно многу често се заборава на тоа. Најчесто луѓето му даваат на партнерот она што го сакаат за себе. Подобар пристап е да го прашате партнерот што му треба и што му недостига.
* Простување
Простувањето е прв чекор на патот кон секое поголемо ниво на љубов.
Dnevnik