Во текот на последните два дена, три големи соларни ракети испуштиле огромен облак на честици од сонцето, нешто што може да ги онеспособи сателитите и комуникациските системи на Земјата.
Короната на масовно исфрлање на (CME), која предизвика голем облак на радиоактивни честички и магнетни ударни бранови, може во петок да удри во Земјата и да ги оштети сателитите. Трите соларни ракети веќе предизвикуваа краток прекин на високи фреквенции на комуникации, како што се радио емисиите, и комуникациите меѓу авионите, кога се случија два удари во вторникот.
Соларните ракети обично се безопасни, бидејќи атмосферата на Земјата апсорбира голем дел од штетните честички. Сепак тие може да ги оштетат сателитите и да го нарушат слојот на атмосферата, а со тоа и да предизвикаат нарушување на комуникациите. Последен голем CME се случил во 1859 година, кога е пореметено магнетското поле на Земјата.
Бидејќи последниот CME се случил пред да станеме зависни од електрониката, малку се знаат последиците од тоа што може да предизвика. Но, се знае дека постои веројатност дека електрониката може да биде засегната, што би предизвикало неколку недели, а можеби и месеци, прекин во напојувањето на електричната енергија, телефонската мрежа и интернетот, а поправката би можела да чини и милијарди долари. Малите електроники, како мобилните и комјутерите, веројатно нема да бидат погодени, но ќе бидат бескорисни доколку се исфрлени од мрежниот систем.