Фото: Попоски и Бред Пит разговарале за Македонија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на самитот за „Запирање на сексуалното насилство за време на конфликт“ кој се одржуваше од 10 до 13 јуни во Лондон, каде се сретна и со холивудската ѕвезда Бред Пит, пишува Телеграф.

poposki2

Двајцата во неврзан муабет разговарале за улогата на жените во носењето на одлуки, но и за неговите почетоци за глумата. Министерот бил изненаден дека актерот знаел за нашата земја. Разговарале за ситуацијата во регионот, а Пит бил запознаен и за состојбата во нашата држава. На разговорот подоцна се приклучила и сопругата на Пит, актерката Анџелина Џоли, пишува „Телеграф“.

Министерот Попоски на самитот беше поканет од британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1