Познатиот пејач Влатко Илиевски си фати нова девојка. Имено, пејачот и актер, кој важи за голем шармер, деновиве ја покажа својата сакана Натали, која потекнува од Охрид, а пораснала во Холандија.
– Точно е, имам девојка. Се вика Натали и се запознаваме лани летото во Охрид. Таа е родена во Охрид, но долги години живее во Холандија и само преку лето доаѓа тука. Минатото лето имавме можност да се видиме, но се беше набрзина и не се случи ништо. Сега дојде пак и се случи тоа што требаше да се случи и мора да кажам дека сум пресреќен”, открива Влатче за Вечер и додава дека Натали е вистинската девојка за него, која ги има сите атрибути и карактеристики кои тој сака да ги поседува неговата партнерка.
Foto – Kurir / Vecer