Променливо време до крајот на јуни – нема да се оправи ни на почетокот на јули


Грмотевици, облаци и ветер проткаени со сончеви периоди. Нестабилното време низ цела Македонија ќе потрае уште некоја недела. Доста посвежо време проследено со локални врнежи, синоптичарите очекуваат и наредните денови. Месец јуни генерално ќе биде нестабилен и наместа проследен со невреме, кое нема да предизвика последици. Бидејќи неделава не очекува доста нестабилно време, се препорачува граѓаните да не излегуваат без чадор, пренесува Алфа ТВ.
dozdВо текот на наредните денови претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Во Скопје ќе има слично време, кое ќе биде проследено со локални врнежи од дожд, попладне умерено облачно со сончеви периди, вели за Алфа дежурниот синоптичар при УХМР, Борис Секирарски.
Честите дождови го отежнуваат секојдневието на граѓаните. Нестабилното време им предизвикува и здравствени потешкотии на дел од граѓаните. Едни велат дека времето негативно им влијае, а други – дека немаат никаков проблем.
Ваквото нестабилно време, според прогнозите, ќе се задржи до крајот на месецов.Според прогнозите на синоптичарите, локална временска нестабилност ќе има до крајот на месецов, односно променливото врнежливо време, можно е да потреае и во текот на следниот месец.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1