Џереми Микс (30) е уапсен пред два дена за поседување огнено оружје без дозвола во Вестон Ранчот во Стоктон, Калифорнија. Тој набрзо стана најпопуларен осуденик на Фејсбук страница на полицијата во Стоктон, пренесува “УСА Тудеј”.
Микс од средата вечер до четврток наутро добил 10.914 “лајкови” и 2400 коментари, сите од жени кои се восхитуваат на неговиот изглед.
„И јас би го уапсила … Најзгодното лошо момче кое некогаш сум го видела. Го крши законот, а може да заработува милиони како модел”, се едни од коментарите.