Милионитиот патник кој помина вчера на Загрепскиот аеродром е Виктор Петровски кој патувал за Скопје. Виктор доби подарок бон од 200 евра за duty free shop на аеродромот и два билета на Croatia Airlines за една дестинација по избор.
Милионитиот патник на аеродромот го пречека претседателот на Управата на Меѓународниот аеродром Загреб, Бруно Мазуркиевиц, пишуваат хрватските медиуми.
Загрепскиот аеродром оваа година милионитиот патник го пречека шест дена порано во споредба со лани, што укажува на раст на патниците и сообраќајот во изминатиот период.