Австралија им плаќа на бегалците за да се откажат од барањето за азил и да се вратат во своите матични земји.
Сумата достигнува и до неколку илјади долари, а како што пренесуваат медиумите зависиод државата.
Либанците добивале максимум од 10.000 австралиски долари (9.338 американски долари). Иранци добивале 7.000, а на Авганистанци им се нуделе 4.000 австралиски долари. Пакистанци и жители од Шри Ланка добивале помалку.
Според министерот за имиграција Скот Морисон, тоа било стандардна процедура во изминатите 10 години. Тој не ги потенцира наведените суми.
– Пакетите се индивидуално ограничени за секое лице кое ќе реши доброволно да се врати во татковината, објасни Морисон.
Тој вели дека бројот на примените барања е зголемен за трипати откако било јасно дека нема да добијат право за постојан престој во Австралија.