⚠️ АПЕЛ до граѓаните да не се приближуваат до паднатите проводници од невремето! – објави на социјалните мрежи Електродистрибуција.
Во постот се вели –
Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен. Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од силниот ветер.
Иако дел од нив во моментов не се под напон, по повторното воспоставување на напојувањето можат да станат опасни.
🚫 Ги повикуваме граѓаните да не се приближуваат и да не ги допираат паднатите проводници, туку веднаш да ги пријават до надлежните служби.
Безбедноста е најважна!
Ве молиме бидете внимателни додека траат активностите за санирање на штетите и следете ги упатствата на надлежните служби.








