Archive by Author

Директен лет Скопје-Прага трипати неделно, се враќа и линијата за Келн

Бенефити за граѓаните, бизнис секторот и туристичката индустрија се очекувањата од новата директна авиолинија Скопје-Прага на која од денеска сообраќа нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Ќе има летови секој понеделник, среда и петок. Во мрежата на дестинации на скопскиот аеродром од вечер дел ќе биде и рутата за Келн, со четири лета неделно на „Виз ер“, […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео билбордите меѓу законските пукнатини на изборното рекламирање

Државната изборна комисија објави листа од 17 компании пријавени за рекламирање на билборди и паноа за локалните избори. Нивната проверка покажува дека поголемиот дел од нив немаат објавено ценовници, а некои ниту веб – страници. Има и фирми кои нудат и видео билборди, кои не се стриктно опфатени во Изборниот законик. Според член 78-а од […]

______________________________________________________________________________________________________

Зеленски утре во Лондон на разговори со Стармер, Макрон и Мерц за мировниот план на САД

Претседателот на Украина Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Лондон, каде ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, за разговори околу американскиот мировен план за Украина. Стармер на средбата со лидерите од Украина, Франција и Германија ќе разговара за продолжувањето на преговорите меѓу американските […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП: До крајот на ноември изречени над 2.500 глоби за неиздавање фискални сметки

 Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност.  – Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајден починат маж пред поликлиника „Ченто“

Министерството за внатрешни работи информира дека утринава во 07:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека е пронајден починат маж пред поликлиника „Ченто“. Според пријавата, околу 06:00 часот пред објектот бил пронајден починат Е.Е. (44) од Скопје. Лекарската екипа која излегла на лице место констатирала смрт без видливи траги на насилство.  Од МВР посочуваат дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Награди за документарецот „Приказната за Силјан“ во Лос Анџелес

Документарниот филм „Приказната за Силјан“  (The Tale of Silyan) на Тамара Котевска, македонскиот кандидат за Оскар, освои награда за најдобар документарен филм и за најдобра камера на 41. издание на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес,  Како што соопшти тимот, режисерката Котевска изјави дека овој е нејзин „најличен филм досега“ и дека успехот го посветува […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорѓиевски: Скопје се чисти за 72 часа, колку и тоа да изгледа неостварливо

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска гостуваше кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој на самиот почеток истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо. Одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава против 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19 -годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. Според МВР, 19-годишникот е осомничен дека ја извршил обљубата во периодот од октомври до декември минатата година во Скопје во повеќе наврати.

______________________________________________________________________________________________________

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг, денеска, на прес-конференција заедно со избраните советници […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски од Лозово: Oчекувам 59 градоначалници

Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, […]

______________________________________________________________________________________________________

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание […]

______________________________________________________________________________________________________

ВРЕДИ: Изборите беа локални, но поразите на НАИ се национални

Очајните обиди на поразената НАИ да ги преведе изборите од 19 октомври во „мандати за пратеници“ се доказ дека оваа коалиција не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа […]

______________________________________________________________________________________________________

Во недела завршува летното сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад

Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање.  Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.  Министерството за енергетика, рударство и минерални […]

______________________________________________________________________________________________________

На ГП „Табановце“ се чека околу 40 минути, а на „ГП“ Блаце половина час

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, а на „ГП“ Блаце околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР уапси 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се трага

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага. -МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), […]

______________________________________________________________________________________________________

Во август 280 одобренија за градење, предвидени 646 станови

Во  август годинава издададени се 280 одобренија за градење,  за 1.8 проценти повеќе во однос на август лани. Најмногу одобренија за градење, 179, се за високоградба. Југоисточниот е регионот со најмногу одобренија за градење во август, 61, по што следуваат Полошкиот со 60 и Скопскиот со 46. За изградба се предвидени 646 станови, покажуваат денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори

Во Чешка денеска во 14 часот започнаа изборите за Домот на пратениците, каде што ќе се одлучува не само за составот на Долниот дом на чешкиот Парламент, туку и за тоа која од 26-те партии и коалиции ќе може да биде претставена во идната влада, објави Чешкото радио. За 200-те пратенички места во парламентот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

Обвинителството во Тирана, во соработка со Евројуст, ја разоткри најголемата мрежа на проституција досега во Албанија, во која се уапсени 19 лица, од кои девет се  Албанци и 10 од Колумбија, а по уште три лица е издадена потерница. Во соопштението до медиумите, обвинителството наведува дека се приведени и под истрага се и 48 жени […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1