Димовски: Премиерот Заев ќе бара начини како да ги одложи изборите


Премиерот Зоран Заев ќе бара три илјади можни начини како да ги одложи изборите, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во Собранието.

-Цело време се обидува да внесе смут и во Собранието, меѓу коалициските односи во неговата Влада и со разни идеи само за да избега од изборите. Веројатно во текот на вчерашниот ден добил нови анкети на својата маса и видел дека трендот на поддршката која тој ја има е во екстремно надолна линија, рече Димовски.

Ние, како што рече, никогаш не сме правеле проблем во Собранието за суштинските закони.

-Напротив, правиме проблем за кршење на Деловникот. Правиме проблем кога се ставаат на дневен ред точки кои не исполнуваат деловнички услови да бидат ставени на дневен ред како точки. Правиме проблем кога се блокира Собранието во една недела со 300 закони, а во целиот мандатен период од три години наназад нема донесно 300 закони. Правиме проблем кога на опозоцијата не и се дава основно право од 130 точки да предложи барем една точка на дневен ред за која ќе се разговара. Во конкретниот случај тоа беше нашата идеја да разговараме за аерозагадувањето и животната средина , рече Димовски. Додаде дека барале да се разговара оваа недела поради тоа што е неопходно да се реши проблемот.

Според него, вчера ја имавме најироничната ситуација во државата.

-Советот за национална безбедност разговараше на тема загадување, но мнозинството во Собранието предводено од СДСМ одлучи дека тоа не е адекватна тема за разговор на Собранието. Ама затоа десетици и десетици закони со кои ќе се вдомуваат членови на СДСМ, десетина одлуки каде членови на партиски комисии на СДСМ ќе добиваат државни функции се ставени на дневен ред и Собранието ќе работи на тие точки, рече Димовски.

Заев, како што рече, нека продолжи да си ги гледа анкетите и нека сфати што е можно побрзо дека неговата политичка кариера е завршена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1