ДУИ слави со зурли и тапани-објави победа во Чаир, Липково, Кичево, Теарце…


Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Бујар Османи, на кратка прес-конференција во седиштето на партијата објави дека победиле во повеќе градови во земјава.

ДУИ води во Сарај, Чаир, Липково, Кичево, Теарце, Струга, Дебар, Битола, Преспа, Сопиште и каде сѐ не“, рече Османи.

Инаку во седиштето на ДУИ на големо се слави со зурли и тапани, се вие оро и се пее песната за премиер Албанец, нешто што во ДУИ се убедени дека можат да го остварат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1