Епидемија на огласи за државни вработувања, министерот Манчевски тврди – биле рутински


Над педесет огласи за вработување во јавниот сектор актуелно се објавени во Агенцијата за вработување, објавува телевизија Алсат

Општина Струга предводена од Рамиз Мерко е на врвот на списокот, објавувајќи конкурси за дури 30 нови работни места. Град Скопје објави конкурс за 21 вработување. Охрид и Карпош актуелно вработувата десетина нови лица, Министерството за земјоделство предводено од Трајан Димовски ќе вработи 14, Министерството за правда на Рената Дескоска пушти оглас за 9, а вработува и Министерството за здравство. За разлика од претходниот период, бројот на конкурси за вработувања актуелно е зголемен за 60 проценти.

Овие вработувања следуваат по договорот на лидерите за избори во април, но министерот за администрација Дамјан Манчевски тврди – вработувањата биле рутински, објавува телевизија Алсат

Манчевски тврди дека секоја година оние што заминуваат во пензија требало да бидат заменети со нови без оглед на претстојниот изборен период, бидејќи според него, не постоела законска можност да се спречат ваквите вработувања.

Според Изборниот законик, забраната за вработување и јавни набавки стартува од денот на распишување на изборите. Од Канцеларијата на ЕУ во Скопје пак, велат дека овој негативен феномен треба да запре.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1