Филипче на ФБ: Потврдени уште двајца позитивни, денеска вкупно 18 нови случаи на коронавирусот


Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Тој информира дека во текот на прес-конференцијата, Институтот за јавно здравје потврдил уште два позитивни пациенти.

– Така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18, односно по градови, Штип шест, Скопје и Велес по три, Струга два, Струмица, Дебар, Тетово и Гевгелија по еден новодијагностициран, пишува Филипче.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. бк/бак/

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145

– Дебар – 46

– Куманово – 21

– Штип- 14

– Прилеп – 8

– Велес – 6

– Тетово – 5

– Струга- 5

– Охрид – 3

– Кавадарци – 2

– Гостивар – 1

– Битола – 1

– Гевгелија – 1

– Струмица – 1

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1