Kои и Зошто / Who & Why

 

PEOPLE UNITED CAN CHANGE THE WORLD !!
JOURNALIST UNITED CAN SAVE THE TRUTH !!

 

 

LET`S CHANGE THE WORLD – STARTING NOW

LET`S SAVE INVESTIGATIVE JOURNALISM

 

MKD-news.com – место за

– вистинско новинарство

– нецензурирана информација

– вести од целиот свет во моментот додека се случуваат

– без лажни стандарди – само чиста информација

– без ,,улижување,, на политичарите – сите се на тапет кај нас

Информација, видео, слика – што се случува навистина во земјава и светот

 

,,Прв интернет портал воден и раководен само и единствено од новинари. Без ,,големи,, газди кои ги користат новинарите за своите битки и ја брукаат професијата,,

Група на новинари кои си ја ценат и почитуваат професијата одлучија да се отргнат од газдите кои поим немаат од новинарство и кои не толчеа со години доведувајќи го новинарството на деградирачко ниво.

На овој сајт пишуваат вистински новинари ентузијасти кои се одлучни на граѓаните да им презентираат чисти информации недопрени од политиката и бизнисот.

Новинари кои се одлучни да го вратат истражувачкото новинарство во земјава, да пишуваат за она што е навистина важно, да копаат подлабоко, да прозиваат поостро.

Отворени сме за граѓаните – пишувајте ни, прашувајте, предлагајте – а ние сме тука да реализираме и објавиме.

Овде нема место за квази новинари, партиски војничиња или ,,коледари,, кој рекетираат по фирми.

– НОВИНАРИТЕ ВО ОВОЈ ТИМ СЕ НА ЦРНА ЛИСТА НА СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ САКА ДА ГО ИМА МЕДИУМОТ ВО ШАКА.

Секој новинар овде е внимателно одбран и мора

– да го сака новинарството вистината и објективноста.
– да знае да биде критичен но и да пофали кога треба.
– да ја почитува етиката и кодексот на новинарството
– ДА ГО ВРЕДНУВА И ПРАКТИКУВА ИСТРАЖУВАЧКОТО НОВИНАРСТВО

Целта ни е да ја спасиме професијата која ја сакаме толку многу – да не дозволиме НОВИНАРСТВОТО да биде на лош глас. За нас фокусот не се политичарите туку луѓето!!!!

Ние сме тука за публиката – гледачите, слушателите, читателите т.е ЗА ВАС – И ЕДИНСТВЕНО ВИЕ МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ СУДИИ ЗА НАШАТА РАБОТА

Колку за Импресум

Сајтот е комплетно волонтерски – засега помогнат финансиски од луѓе кои сеуште веруваат дека новинарството може да го промени светот на подобро. На сајтот пишуваат freelance новинари и е отворен за секого – услов за објавување текстови на сајтот е авторите да се посветени на новинарството, дипломирани новинари, докажани известувачи на јавноста за одредени теми, стручни соработници за одредени области, студенти по новинарство. Сајтот објавува текстови и од таканаречени ,,граѓани новинари,, по принцип на испраќање информации, фотографии, видеа (читатели).

LET`S CHANGE THE WORLD – STARTING NOW !!!

journalism isn’t rewarding when it comes to that paycheck but there’s a reason why we stick with the job – we couldn’t imagine doing anything else.

Creating revolution- If you are good at writing, you can create a revolution in the society. A pen can work stronger than a sword. A good and dedicated journalist can bring the difference in ruling customs and unfair lawsuits and also help people to lead their lives in a respectful manner.

 

 

UA-33057274-1