Македонија против Украина во црвениот дрес


Македонската фудбалска репрезентација на денешниот натпревар во групата Ц против репрезентацијата на Украина ќе игра со црвената опрема.

Инаку црвениот дрес беше избран за најубав на Европското првенство според ЕСПН.

Репрезентацијата на Македонија натпреварот против Украина го игра на националната арена во Букурешт со почеток од 15:00 часот.

Во првото коло нашата репрезентација загуби од Австрија, а пак репрезентацијата на Украина го загуби мечот со фаворитот во групата, Холандија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1