Пендаровски: Кризна состојба на цела територија на државата 30 дена


Советот за безбедност и предложи на Вкадата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена, соопшти денеска претседателот Стево Пендаровски.

Шефот на државата оцени дека состојбата во земјата со Ковид-19 е исклучително сериозна. А состојбата не е поинкава, како што рече и во буквално сите земји и во Европа и светот, далеку полоша од пролетниот бран.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој беше повикан од Пендаровски да присуствува на состанокот, информирал за ресурсите во здравството и за организацијата за справување со пандемијата, додека премиерот Зоран Заев за севкупните активности и за политиките во другите ресори и можните опции.

На седницата на Советот за безбедност на Република Македонија која се одржа во претседателската „Вила Водно“, се расправаше за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции. Покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1