Се уште се бројат гласовите во САД


Џо Бајден е се поблизу до магичниот број од 270 електорски гласови, кои значат победа на американските претседателки избори. Бајден повика на стрпливост се додека не се пребројат сите гласачки ливчиња.

Демократијата е понекогаш хаотична порача Џо Бајден.

Демократите се обидуваат да ми ја украдат победата дециден е Трамп. Го прават тоа со гласовите по пошта и затоа треба да се стопира броењето рече американскиот претседател.

Ако ги броите легитимните гласови, јас лесно победив. Ако ги сметата нелегалните гласови,тие можат да се обидат да ви ги украдат изборите истакна Доналд Трамп.

Трамп обвинува за изборна измама, без да приложи докази. Се нижат критиките на Твитер упатени директно до него од повеќе републикански политичари. Опасни и погрешни се ваквите обивнувања. Ова полека станува лудо. Нема одбрана за коментарите на претседателот кои го поткопуваат нашиот демократски процес. Ниту еден избор или личност не е поважна од нашата демократија. Слични се видувањата и на политичките експерти.

И ОБСЕ го прекори американскиот лидер.Тврдењата за изборна кражба се неосновани и ја нарушуваат јавната доверба во демократските институции се вели во извшетајот набљудувачката мисија.

Пенсилванија, Џорџија, Аризона, Невада и Северна Каролина се државите кои одлучуваат кој ќе биде 46 претседател на САД.

Републиканецот веке побарал судот да наложи запирање на пребројувањето на гласовите во Пенсилванија и Мичиген. Неговите приврзаници повторно се обидоа да упаднат во еден од избирачките центри во Пенсилванија и да го прекинат броењето на гласовите. Интервенираше полицијата. На улиците се и поддржувачите Бајден кои бараат секој глас да биде преброен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1