Скопјанец претепан во спортска обложувалница


Скопјанец вчера пред полноќ бил нападнат во спортска обложувалница.

Во 23.05 часот во СВР Скопје, 21-годишниот С.А. од Скопје пријавил дека околу 23 часот во спортска обложувалница на булевар „12-та Македонска бригада“, по претходна расправија, бил физички нападнат од 53-годишниот Б.Ј. од Скопје.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1